Првото коло од пролетниот дел од сезоната се игра денеска и утре, а на терен се сите тимови кои се дел од Женската лига. Веќе е јасно кои состави ќе бидат фаворити за титулата, но сосема извесно е и тоа дека ќе мора да се покаже најдоброто за денеска и утре да се влезе во пролетниот дел на најдобар можен начин.
Сосема јасно е кои тимови се фаворити, а тие немаат пресметки меѓу нив така што допрва следува главното на терен и во следните кола ќе има нови надигрувања.
ЖЕНСКА ЛИГА
ДВОЈКИ ЗА 14. КОЛО
САБОТА, 29 ФЕВРУАРИ
12:00ч
ГЕВГЕЛИЈА – МЕТАЛУРГ
Сала: „26 Април“ во Гевгелија. Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чалдаров од Битола. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.
15:30ч
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – АЛУШОВСКИ
Сала: „Цар Самоил“ во Свети Николе. Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јовановски од Штип. Делегат: Зоран Јовановски од Штип.
18:30ч
КУМАНОВО – ДЕСПИНА
Сала: СОУ „Перо Наков“ во Куманово. Судии: Благоја Кимовски и Блаже Михајлов од Скопје. Делегат: Ерик Белимов од Скопје.
НЕДЕЛА, 1 МАРТ
10:00ч
ВАРДАР – СПАРТАК
Сала: СЦ „Јане Сандански“ (мала сала) во Скопје. Судии: Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Владимир Саздовски од Скопје.
16:00ч
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – СТРУЖАНКА
Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Зоран Кимевски од Скопје.
20:00ч
ЧАИР – КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН
Сала: ОУ „7 Март“ во Скопје. Судии: Михаела Капсарева и Лејла Јашар од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.
ПЕЛИСТЕР 2012 е слободен
ТАБЕЛА: 1. Куманово 36 бода (453:254); 2. Металург 33 (439:246); 3. Вардар 27 (418:266); 4. Стружанка 27 (361:295); 5. Чаир 24 (349:319); 6. Деспина 24 (312:315); 7. Пелистер 14 (345:388); 8. Спартак 14 (302:352); 9. Гевгелија 10 (286:355); 10. Ѓорче Петров 9 (256:356); 11. Кузман Вардар Илинден 6 (269:396); 12. Алушовски 4 (299:450); 13. Овче Поле СУ 3 (261:358).