Вујовиќ заработи суспензија од ЕХФ!

Ракометниот Суд на Европската ракометна федерација ги суспендираше тренерот на Загреб, Веселин Вујовиќ и тим менаџерот Божидар Јовиќ!

Поради коментарите на судењето по натпреварот меѓу Загреб и Фленсбург, ЕХФ оцени дека е прекршен фер-плеј кодексот и изрече казни за Вујовиќ и Јовиќ.

Стратегот реагираше на судиската одлука да не го стопираат времето во последните секунди. Загреб имаше петнаесетина секунди за напад за реми против германскиот тим.

Еден играч шутираше под фаул, но судиите не го запреа времето и им украдоа на домаќините пет-шест секунди.

Вујовиќ е суспендиран на еден натпревар и нема да го води хрватскиот првак на натпреварот против Барселона в сабота.

Покрај суспензијата поранешниот тренер на Вардар ќе треба да плати и казна од 2.000 евра, а Јовиќ казна од 1.500 евра.