Раководоството на унгарскиот гигант Веспрем е многу активно во изминатиот период. Откако го договори трансферот на Данил Шишкарев од редовите на Вардар, како и камбекот на Патрик Лигетвари од Ла Риоха, на добар пат е да го комплетира и трансферот на левиот бек Николај Маркусен.
Данскиот интернационалец настапува за Силкеборг и неодамна го продолжи договорот со овој тим до 2023 година, но се чини дека Веспрем нема да штеди пари за оштета, барем така говорат информациите на данската ТВ 2.
Маркусен, кој е висок 211 цм, своевремено соработуваше со Давид Дејвис во Атлетико Мадрид, па јасно е од каде потекнува за идејата за нова соработка. Во Веспрем игра и неговиот соиграч од националниот тим, Расмус Лауге, и нема да му биде проблем адаптацијата во Унгарија.
Останува само уште да ги помине лекарските прегледи оваа седмица, па да биде комплетиран трансферот и Веспрем да добие уште еден бомбардер од левата бековска позиција, каде ќе формираат дуо со Вуко Борозан.