Австриецот Кристоф Мелешниг кој настапува за екипата од Виена, Вествин одлучи многу рано да стави крај на кариерата. Иако има висока плата, иако игра во најквалитетна домашна конкуренција, сепак реши повеќе да не игра професионално ракомет.
22-Годишниот Мелешинг доби висока работна позиција во фирмата на брат му што го одалечи од терените. Австриецот не може да ги искомбинира двете работи во исто време и одлучи да го напушти ракометот.
„Добив можност за заземам висока позиција во фирмата на мојот брат и тоа не може да се комбинира со професионални спортови. Им благодарам на Вествин и на навивачите на екипата за прекрасните поминати моменти“, изјави Мелешинг по објавата дека ја прекинува кариерата.