Вчера во доцните вечерни часови, актуелниот лидер во Женската лига – Куманово, остана без тренерот Симе Симовски. Тој си поднесе оставка од функцијата, иако немаше лоши резултати со клубот.
Од Куманово велат дека тие се задоволни од резултатите, но не и од комплетната посветеност.
„За причините за заминувањето ќе морате да го прашате Симовски, бидејќи тој си поднесе оставка. Ние му посакуваме успех во понатамошната кариера. Тој забележа 16 победи и 2 порази на официјалните натпревари во Женската лига, Купот на ЕХФ и ВРХЛ лигата. Задоволни сме од резултатите што ги постигна, но не сме задоволни од недоволната посветеност на клубот, бидејќи има и друг ангажман“, велат од раководството на Куманово.
Вицепрвакот го чека продолжување на битката за титулата во Женската лига, натпревари од Купот на Македонија и ВРХЛ лигата.