Хрватската репрезентација загуби во финалето на Европското првенство од Шпанија со 22-20 и само детали го решија победникот.
Сепак и сребрениот медал донесе многу радости кај навивачите, кои ги пречекаа своите херои во 1 часот по полноќ на загребскиот аеродром.
Главниот пречек ќе биде денеска во 12:30 часот на плоштадот „Бан Јелачиќ“, но по слетувањето во Загреб, ракометарите иако уморни решија да го прослават големиот успех.
Тие прославија до раните утрински часови во македонскиот ресторан во Загреб – „Свети Никола“.