Голманката на Шиофок, Норвежанката Силје Солберг во наредната сезона ќе премине во европскиот шампион Ѓер. Откако беше промовирана Лора Глозе како засилување на голманската позиција, унгарскиот состав донесе уште една ракометарка на истата позиција.
„Силје Солберг е двократен европски и еднократен светски првак, таа е избор број еден во репрезентацијата на Норешка и многу добро го познава ракометот во Унгарија бидејќи веќе втора година настапува тука“, рече Барта Чаба.
На промоцијата на Солберг тој потсети дека пред некоку недели кога ја промовираше Глозе дека уште тогаш најавил дека голманскот пар ќе го сочинуваат две млади, но одлични голманки.
Како што објавија од унгарскиот шампион, Силје Солберг потпиша три годишен договор со Ѓер. Трофејната ракометарка со репрезентацијата на Норвешка има освоено две европски титули и една светска круна.
На клупско ниво Солберг има настапувано за Хелсет, Стабаек, Холстебро со кој го освои ЕХФ купот во 2015 година. Од 2018 година настапува за Шиофок со кој минатата сезона по втор пат го освои Купот на ЕХФ.
Ангажманот на Глозе и Солберг, значи дека од Ѓер заминуваат Кари Гримсбо и Амандин Лејно, а не е исклучено ниту Ева Киш да ја промени средината.