Машката македонска репрезентација денеска ја очекува втората средба од групната фаза на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, а ривал ќе биде селекцијата на Чешка.
Нашите репрезентативци се подготвени за предизвикот, а поддршка добија и од двајца поранешни нивни соиграчи, Ацо Јоновски и Филип Лазаров, како и од легендарниот Пепи Манасков.
Двајцата играчи на германскиот Ратинген ги посетија соиграчите во хотелот, а денеска од трибините ќе ги бодрат на мечот со Чешка.