Гевгелија не дозволи изненадување со Ѓорче Петров

Екипата на Гевгелија запиша нови бодови на домашен терен во 6. коло од Женската лига. Тие беа подобри од составот на Ѓорче Петров со 22:19.

Гостите од Скопје имаа подобар почеток на натпреварот и имаа водство во поголемиот дел од првото полувреме. Последните минути беа кризни за нив што Гевгелија го искористи за преземање на водството и на одмор замина со 10:8.

Во вториот дел Гевгелија успешно го контролираше резултатот и сигурно го приведе до крај натпреварот со позитиен резултат. Со оваа победа гевгеличанки се искачија на средината на табелата со по две победи и порази и едно реми.

Најдобра во екипата на Гевгелија беше Бојана Пецевска со седум гола, а зад неа со пет гола беше Михаела Митревска. За Ѓорче Петров седум гола постигна Јана Донева и беше најефикасна во својот тим.

ГЕВГЕЛИЈА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 22:19 (10:8)

Сала: 26 април во Гевгелија. Гледачи: 100. Судии: Војо Христовски и Бобан Мајнов. Делегат: Лери Мирчески.

ГЕВГЕЛИЈА: Каранфиловска, Басова, Мандалова, Попова 2, Пецевска 7, Митревска 5, Горковска, Попова 2, Митрова, Петковска 3, Тимчева, Ибрахимовиќ, Митрова 3.

Седмерци: 3/4. Исклучувања: 12 мин.

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Маринова, Донева 7, И.Петровска 4, Ј.Петровска, Кежаровска, Србиновска 3, Јовановска, Малцева, Ѓоргиева,  Гркова, Антеска, Цветановска 5.

Седмерци: 4/4. Исклучувања: 6 мин.