Светското првенство во Јапонија донесе неколку изненадувања уште во првата рунда. Најголемото го приреди селекцијата на Јужна Кореа, која славеше над актуелниот светски и европски првак Франција со 27-29.
Корејките водеа со 18-22 во вториот дел, но Французинките се вратија во игра и израмнија. Наместо да го зададат последниот удар, тие направија неколку грешки во серија, а ривалот го казни тоа и си обезбеди победа. Еун Хе Риу со 12 гола беше најзаслужна за оваа голема победа на Кореа, додека кај Франција се истакна Заади со пет голови.
Изненадување приреди и селекцијата на Словенија, која ја елиминира Македонија во баражот за ова СП. Избраничките на Урош Брегар ја победија Холандија со 26-32, со најголеми заслуги на Тјаша Станко, која погоди 12 пати.
Домаќинот славеше над Јапонија, лесни победија остварија Црна Гора, Србија, Унгарија, Русија, Данска и Шведска. Германија помалку изненадувачки лесно мина против Бразил, а амбициозната Романија претрпе дебакл од Шпанија. Ниту Кристина Неагу не им беше доволна и се чини дека допинг скандалот во нивната држава оставил голема трага во играта.
Резултати, 1.коло:
ГЕРМАНИЈА – БРАЗИЛ 30-24
ЈАПОНИЈА – АРГЕНТИНА 24-20
ЦРНА ГОРА – СЕНЕГАЛ 29-25
СРБИЈА – АНГОЛА 32-25
ФРАНЦИЈА – ЈУЖНА КОРЕА 27-29
УНГАРИЈА – КАЗАХСТАН 39-15
ХОЛАНДИЈА – СЛОВЕНИЈА 26-32
РОМАНИЈА – ШПАНИЈА 16-31
РУСИЈА – КИНА 26-11
ДАНСКА – АВСТРАЛИЈА 37-12
НОРВЕШКА – КУБА 47-16
ШВЕДСКА – КОНГО 26-16