Германскиот интернационалец Кристијан Дисингер не може да се пофали дека добро му оди на ракометните терени сезонава, со оглед на бројните повреди, но сигурно не може да се пожали за тоа како му оди на љубовно поле.
Тој веќе неколку месеци е во врска со струмичанката Марија Андоновска, архитектка по професија, а позната во јавноста како манекенка.
Марија е сестра на Душица Андоновска, која пак е во врска со некогашниот ракометар на Вардар, а сега на Келце – Игор Карачиќ.
Како тргнало, двајцата би можеле да станат баџанаци!