Ракометарките на Вардар ја продолжија победничката серија во Женската лига, откако славеа на домашен терен против составот на Овче Поле СУ со убедливи 43-12 во натпревар од 11. коло.
Победникот беше решен уште во првиот дел, кога „црвено-црните“ ракометарки постигнаа 22 погодоци, а примија само шест.
Во второто полувреме, тренерот Драгана Ристова им даде шанса за настап на сите ракометарки и сите освен голманките се запишаа во листата на стрелци.
Најдобри беа Стефанија Георгиевска со десет и Бојана Диневска со шест погодоци, додека кај гостинките по три гола дадоа Вучевска и Ашкилова.