Сè е добро кога добро ќе се заврши. Вардар со победата против Мешков Брест од 36-31 врати дел од самодовербата пред клучниот дуел во Лигата на шампионите против полскиот првак Келце, но бројот на примени голови треба да го загрижи тренерот Кокшаров во пресрет на саботниот натпревар.
Ако во Запорожје звукот на сирената го спаси Гедбан, откако прими чуден гол од половина терен, во неделниот дуел против Мешков немаше таква среќа. Несреќниот ден алжирскиот ракометар го зачини со примен гол кој беше наменет како асистенција за пивотот на Мешков Брест…