Десното крило на Келце и репрезентациајта на Словенија, Блаж Јанц ќе мора да одмoра поради проблеми со левото рамо. Словенецот ќе биде надвор од терените до крајот на годинава.
Јанц веќе подолго време има проблеми со рамото на шутерската рака, а тоа особено посериозно е во последнава недела. Аркадиуш Морито закрепнува од повредата, па Словенецот е единствена опција на неговата позиција. Тоа придонесува тој да е во игра по 60 минути што му направи проблем.
На последниот натпревар во Супер лигата на Полска болките кај Јанц станале се посилни. За да спречат поголеми компликации од Келце му дале поштеда на десното крило до крајот на годинава. Неговиот настап на Европскот првенство не би требало да биде доведен во прашање.