Тимот на Магдебург, каде што настапува македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, забележа тешка победа во Бундес лигата.
Во драматичен натпревар од 18. коло, Магдебург на домашен терен се сретна со Мелсунген и славеше со 26-25 со гол во последната секунда, а на полувреме беше 10-10.
Кузмановски беше во ростерот на домашниот тим, но не доби шанса на овој натпревар. Магдебург со овие бодови се искачи на четвртото место.