Тимот на Подравка, каде што настапува македонската репрезентативка Елена Ѓорѓиевска, оствари победа во последното коло од есенскиот дел во хрватскиот шампионат.
Подравка славеше на гостувањето кај тимот на Сесвете Агропротеинка со 30-37, а на полувреме избраничките на Златан Сарачевиќ водеа со 16-19.
Најдобар стрелец кај Подравка беше Тјаша Станко со 11 голови, Селена Милошевиќ даде шест, додека нашата Ѓорѓиевска мечот го заврши со пет погодоци.