Словенечкиот ракометен сојуз денеска го соопшти името на новиот предводник на нивната репрезентација. Откако пред неколку седмици (не)очекувано се раздели со Веселин Вујовиќ, немаше премногу време да бара ново решение.
Шпанецот Хуан Пастор, Исланѓанецот Алфред Гисласон, потоа Карлос Ортега, Арон Кристијансон, Патрис Канаје, Талант Душебаев,Бранко Тамше…сите овие беа споменувани како можни наследници на Вујовиќ, но довербата ја доби Врањеш, кој освен европската титула со Флеснбург, во поново време нема успеси. Договорот е потпишан до 2024 година.
По заминувањето од Фленсбург, дојде во Веспрем, ја презема и унгарската репрезентација, но набрзо доби отказ и се врати во Шведска во тимот на Кристијанштад, со кој исто така не бележи некои резултати за пофалба.
Но можеби со словенечката репрезентација ќе има поголем успех. Првата шанса за да покаже дека успехот со Флеснбург не бил случаен и дека е тренер за големи дела, ќе биде Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска. Словенија ќе игра во Малме, против домаќинот Шведска, Швајцарија и Полска.