Репрезентацијата на Унгарија во пресрет на Европското првенство се соочува со голем број повредени играчи, но се очекува пред почетоткот на првенството поголемиот дел од нив да се приклучат на тимот.
Мате Лекаи се опоравува од повредата на коленото и според прогнозите би требало да се приклучи на екипата после Нова Година. Исто така Ричард Бодо има проблеми со рамото но ќе почне со тренинзи порано од Лекаи.
Роланд Миклер ќе биде ослободен од обврските до крајот на годината по негово барање заради семејни причини. Габор Анчин е повреден и нема да може да и помогне на репрезентацијата. Унгарија подготовките ги запчнува на 18 декември без повредените и играчите од Бундес лигата.
Состав на Унгарија: Ариан Андо (Балатонфуреди), Мартон Секељ (Веспрем), Адам Борбели (Татабања), Роланд Миклер (ПИК Сегед), Петер Хорњак (Татабања), Адам Тот (Будакалаш), Жолт Балог (Татабања), Донат Барток (Лемго), Мате Доминик (Балатонфуреди), Матијас Ѓер (Татабања), Мате Лекаи (Веспрем), Бенце Баниди (ПИК Сегед), Миклош Роста (ПИК Сегед), Адриан Сипос (Татабања), Бенце Шуч (Веспрем), Ричард Бодо (ПИК Сегед), Сречко Јерковиќ (Комло), Патрик Лигетвари (Ла Риоха), Бенце Наѓ (Хунгаро Контрол), Золтан Сита (Висла Плоцк), Бендегуз Бока (Балатонфуреди).
Од овие ракометари Иштван Гулјаш ќе ги одбере патниците за Еуро 2020, а во подготвителниот период на 4 јануари ќе одиграат натпревар против Чешка. Унгарија на ЕП ќе игра во Малме против Данска, Исланд и Русија.