Селекторот на сениорската репрезентација на Македонија, Данило Брестовац го скрати списокот, но истиот се однесува за натпреварите на Трофеј „Карпати“ и претходно за контролата против Кувајт.
На списокот се главно ракометари од домашното првенство, но има и дел од интернационалците кои порано ќе завршат со своите обврски. Тие би требало да се појават во Скопје на собир на 20 декември, по што ќе следуваат тренинзи неколку дена и заминување прво за Белград, па за Романија.
Иако не е на поширокиот список за ЕП поради потреба од уште еден пивот меѓу ракометарите кои ќе се подготвуваат за настап на Трофеј „Карпати“ се најде и Михаил Аларов од тимот на Пролет.