На натпреварите кои денеска треба да бидат одиграни во рамки на 12. коло од Супер машката лига се очекува да има нови возбудувања, но и на двата дуели има фаворити.
Во Скопје на мечот меѓу Металург 2 и Работнички според ситуацијата во која се наоѓа гостинскиот состав, младите ракометари на Металург ќе бидат во предност. Ова им е шанса за нова победа и доколку одработат според планот тогаш би требало да дојдат до бодови. Работнички е во криза и тоа сигурно ќе се одрази и денеска на натпреварот.
Во Струга, пак, гостинскиот состав ќе биде во предност бидејќи е во далеку подобра форма. Радовишани играат добро, но остануваат само на граница од плеј-офот и плеј-аутот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА
ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 12. КОЛО
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР ЈУНИОР 28:20 (ИЗВЕШТАЈ)
Божиновски 12, Печенковски 4, Милошевски 3 – С. Крстевски 4, Дука 4, Атанасовски 3
САБОТА, 23 НОЕМВРИ
12:00ч
МЕТАЛУРГ 2 – РАБОТНИЧКИ
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Камер Металари од Скопје.
17:30ч
СТРУГА – РАДОВИШ
Сала: „Тими“ во Струга. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Васко Дјакоски од Кичево.
НЕДЕЛА, 24 НОЕМВРИ
17:00ч
ОХРИД – ПЕЛИСТЕР
Сала: СЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Цане Куртовиќ од Скопје.
СРЕДА, 27 НОЕМВРИ
19:00ч
МЕТАЛУРГ – ПРОЛЕТ 62
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.
ТАБЕЛА: 1. Металург 29 бода (369:283); 2. Охрид 28 (314:253); 3. Бутел Скопје 25 (304:265); 4. Пролет 23 (337:286); 5. Радовиш 16 (329:329); 6. Вардар јуниор 15 (307:333); 7. Пелистер 11 (283:288); 8. Работнички 4 (319:378); 9. Металург II 4 (307:378); 10. Струга 4 (252:328).