Викендов на терените низ Македонија: Еурофарм Работник во обид за победа против Савехоф

Со оглед на тоа што Вардар и Металург утре ќе гостуваат во Полска односно Словенија на меѓународна сцена останува само еден натпревар во Македонија.

Еурофарм Работник ќе игра против составот на Савехоф во 8. коло од Лигата на шампионите.

Ова ќе биде двобој на кој се очекува да се види интересна средба и битолчани да се обидат да дојдат до триумф и надминување на проблемите со многуте повредени играчи.

Овој дуел се игра в недела, а покрај тоа ќе има доста средби на домашна сцена во четирите лиги во сениорска конкуренција.

ВИКЕНДОВ НА ТЕРЕНИТЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА

САБОТА, 16 НОЕМВРИ

14.00ч

ПАРТИЗАН – БОРЕЦ (Прва машка лига, Група 2)

16:00ч

ПЕЛИСТЕР – СТРУГА (Супер машка лига)

17:30ч

ВАРДАР – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ (Женска лига)

18:30ч

РАДОВИШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ (Супер машка лига)

ПРОЛЕТ – МЕТАЛУРГ 2 (Супер машка лига)

КУМАНОВО – МЕТАЛУРГ (Женска лига)

19:00ч

ЈЕХОНА – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ (Прва машка лига, Група 2)

ПРИЛЕП – КУМАНОВО (Прва машка лига, Група 1)

20:00ч

ЧАИР – СПАРТАК (Женска лига)

НЕДЕЛА, 17 НОЕМВРИ

13:00ч

РАБОТНИЧКИ – ОХРИД (Супер машка лига)

ТЕКСТИЛЕЦ – ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА (Прва машка лига, Група 1)

14:00ч

ПРЕСПА – КЛ 7 (Прва машка лига, Група 2)

17:00ч

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – САВЕХОФ (Лига на шампионите)

РИНИА М – РК АЛУШОВСКИ (Прва машка лига, Група 1)

18:00ч

ГРК ТИКВЕШ – АЕРОДРОМ (Прва машка лига, Група 2)

18:30ч

МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – АСТРАИОН (Прва машка лига, Група 1)

20:00ч

ПЕЛИСТЕР – СТРУЖАНКА (Женска лига)