Ракометарките на Куманово минатата и оваа сезона ги доживуваат наубавите моменти од формирањето на клубот и блескаат на натпреварите на домашна сцена. Тие се во трка по титулата во првенството, а покрај тоа сезонава ќе ја бранат и титулата освоена во минатата сезона.
Денеска женската екипа на Куманово беше и наградена за придонесот кој го има при афирмацијата на градот, а ја добија Ноемвриската награда. Се работи за награда која се доделува по повод 11 ноември, денот на ослободување на градот (75 години) и 500 години од постоење на градаот.
Притоа на својот фејсбук профил тимот на Куманово искажа благодарност и вети битка на три фронта во оваа сезона.
„Благодарност до организаторот на овој настан, за наградата и честитки за сите кои што ја добија Ноемвриската награда. Ќе му се оддолжиме на градот за ова признание и ќе атакуваме оваа сезона на три фронта, титулата во домашното првенство, титулата во Купот на Македонија и пласман на фајнл-форот турнирот во регионалата женска WRHL лига.