Спартак се израдува на нова победа

Екипата на Спартак забележа нова победа во првенството, а успеа двете полувремиња против Кузман Илинден Вардар да ги добие со идентични 17:15.

Конечните 34:30 донесоа важен триумф за Спартак после кој тимот има веќе десет поени од осум средби и се наоѓа на средина од табелата. Кузман Вардар Илинден, пак е последен со само три поени.

Инаку, уште од почетокот домашните беа во предност и таа предност ја чуваа. Гостинките во првите неколку минути успеваа да израмнуваат и да бидат близу, но потоа дојде до одвојување и најголемата предност во првите 30 минути беше четири гола за Спартак (13:9 и 14:10).

Во второто полувреме разликата главно беше 3-4 гола, па оваа предност се чуваше до крајот на средбата, но бодовите останаа во Кисела Вода.

СПАРТАК – КУЗМАН ИЛИНДЕН ВАРДАР 34:30 (17:15)

Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Благоја Кимовски и Блаже Михајлов од Скопје. Делегат: Ерик Белимов од Скопје.

СПАРТАК: Филиповска, Самарџиска, Неделковска, Андонова 2, Китановска 1, Костадиновска 3, Георгиевска, Младеновска, Стефановска 6, Величковска 12, Димитрова 5, Лазаровска 1, Ивона Кимовска, Ива Кимовска, Домазетовска 4.

Седмерци: 3/6, Исклучувања: 10 мин.

КУЗМАН ИЛИНДЕН ВАРДАР: Буразе, Петровска, Ѓорѓиева 5, Николова, Додевска, Тодоровска, Ивановска, Бојковска, Фиданоска 1, Ристевска, Блажевска 11, Филипова 2, Русевска 11, Спасовска, Ангеловска.

Седмерци: 5/7, Исклучувања: 14 мин.