Екипата на Металопластика по поразите во првите две кола од Еурофарм Работник и Загреб во третиот натпревар ја оствари првата победа со СЕХА лигата. На домашен терен избраниците на Веселин Вуковиќ беа подобри од комбнираниот состав на Мешков Брест со 35:33.
Ракометарите на Металопластика имаа одлично издание во првото полувреме, беа многу ефикасни и постигнаа 20 гола против младиот гостински тим. По 30 минути игра спрскиот претставник имаше предност 20:14.
Второто полувреме Мешков Брест го започна многу подобро. Веќе по шест минути игра ја надополнија негативата и беше повторно во игра за позитивен резултат. Сепак, до крајот домашните успеаја да стигнат до победата.
Во тимот на Металопластика најефикасен беше Боривоје Дукиќ со 15 гола, а зад него со седум погодоци беше Алекса Кљајиќ. Кај Мешков Брест двајца играчи ги постигнаа најголемиот дел од головите. Микита Ваилупау постигна дури 20 гола, а Бачко беше седум пати прецизен.