Лига на шампиони: Ѓорѓиеска и колешките немаа сили за бод против ФТЦ Раил Карго

Екипата на Подравка за која настапува капитенот на репрезентацијата на Македонија, Елена Ѓорѓиевска претрпе пораз на домашен терен во 4. коло од ФТЦ Раил Карго и испушти шанса за да дојде до бодови кои ќе го доближеа тимот до втората рунда.

Ѓорѓиевска беше стрелец на три гола, но и тоа не беше доволно за да може да се обезбеди нешто повеќе на овој дуел против квалитетниот тим од Унгарија.

Подравка на моменти имаше и водство, но во финишот не беше истото зачувано, па на крајот мораше да се помири со пораз на овој важен дуел.

После 4. Коло само две екипи се на максимум и се практично веќе во вториот круг. Се работи за Брест и Ѓер кои имаат по осум поени.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ (ЖЕНИ)

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО

ГРУПА А

ПОДРАВКА – ФТЦ РАИЛ КАРГО              26:27

Милосављевиќ 9, Ѓорѓиевска 3, Дебелиќ 3 – Клујбер 5, Ковачич 5, Лукач 5

НЕДЕЛА, 3 НОЕМВРИ

20:45ч

МЕЦ – КРИСТИЈАНСАНД

ТАБЕЛА: 1. Мец 5 бода (112:92); 2. ФТЦ Раил Карго 4 (114:122); 3. Кристијансанд 3 (93:85); 4. Подравка 2 (108:128).

ГРУПА Б

РОСТОВ ДОН – ЕСБЈЕРГ               34:26

Манагарова 6, Сен 5, Боршченко 4 – Фреј 7, Солберг 7, Ингстад 3

НЕДЕЛА, 3 НОЕМВРИ

18:00ч

ЛУБЛИН – ЧСМ БУКУРЕШТ

ТАБЕЛА: 1. ЧСМ Букурешт 5 бода (82:64); 2. Ростов Дон 5 (114:101); 3. Есбјерг 4 (107:106); 4. Лублин 0 (62:94).

ГРУПА Ц

РАМНИЦУ ВЛЧЕА – БУДУЌНОСТ            20:21

Да Силва 6, Глибко 6, Елгауи 3 – Радичевиќ 8, Брновиќ 4, Лазовиќ 3

БРЕСТ – БИТИГХАЈМ     36:30

Грос 13, Мауни 7, Поп-Лазиќ 4 – Надзинавичиус 7, Ван дер Хајден 5, Волер 5

ТАБЕЛА: 1. Брест 8 бода (143:118); 2. Будуќност 6 (106:97); 3. Рамницу Влчеа 2 (97:108); 4. Битигхајм 0 (112:135).

ГРУПА Д

ЃЕР – КРИМ МЕРКАТОР               31:26

Офтеал 7, Кнедликова 5, Аморим Талеска 4 – Варагиќ 5, Бариќ 4, Ребикова 4

САВЕХОФ – БАНИК МОСТ          24:19

Форсберг 6, Лагербон 4, Лундбек 4 – Захова 6, Костелна 3, Дворакова 2

ТАБЕЛА: 1. Ѓер 8 бода (145:91); 2. Савехоф 3 (93:104); 3. Баник Мост 3 (96:124); 4. Крим Меркатор 0 (101:116).