Девојките од Алушовски со премиерна победа

Ракометарките кои настапуваат за екипата на Алушовски дојдоа до првата победа во Женската лига откако го совладаа тимот на Кузман Вардар Илинден и тоа на гостување со 31:24.

Ракомеарките на Алушовски беа во предност од почетокот на натпреварот. Поведоа со 4:0 и овие четири гола ги чуваа постојано и не дозволија противникот да се доближи на повеќе од два погодока во првото полувреме. Сепак, пред крајот на првиот дел дојдоа до плус три и на одмор заминаа со 17:14.

Вториот дел од сребдата тргна со намалување на 16:17, но потоа почна одново подобра игра од гостинките.

Девојките од тимот на Алушовски знаеја што сакаат на овој натпревар и до крајот на средбата одеа кон триумф и успеаја да го обезбедат. Навреме направија висока победа така што успеаја да стигнат до три поени.

Ова е прва победа за ракометарките кои ги предводи Наталија Тодоровска, а со ова воедно најавија и подобри резултати во текот на сезоната.

КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН – АЛУШОВСКИ    24:31 (14:17)

Сала: „Гоце Делчев“ (Илинден) во Скопје. Гледачи: 50. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Васил Зипевски од Гостивар.

КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН: Буразер, Сандева, Ангелоска, Филипова 7, Ристевска 1, Јакимовска 2, Спасовска 1, Кириловска, Бојковска 1, Блажевска 6, Русевска 5, Ѓорѓиева  1, Ивановска, Тодоровска, Николова, Ангелевска.

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 6 мин.

АЛУШОВСКИ: Стојковска, Алушовска 4, Георгиевска 8, Петковска 1, Трајановска, Николовска 8, Ангелковска 2, Тодоров, Велигденова 2, Ристовска, Милошоска, Мемов, Младеновска, Мисовска, Димитријоска, Божиновска 6.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 10 мин.