ЕХФ неделата отворена со победа – Подмладената Македонија ја надигра Турција

Репрезентативците на Македонија кои најдоа место во составот за контролите во Турција денеска ја отворија ЕХФ-неделата со триумф против домаќинот со 26:23. Со игра во која доминираа од првата до последнат минута немаа никаков проблем за да се изборат за победа така што на крајот победата е и повеќе од заслужена.

После четири минути игра водството беше 3:0, а овие три гола предност се одржуваа постојано. Првиот погодок беше дело на Маџовски, па потоа следуваа нови погодоци, а Турците тешко доаѓаа до приклучок. Успеаја да намалат до два гола, но не и повеќе, па Македонија редовно одеше на плус три.

После 20. минута кога беше обезбедено водство од 12:8. Откако Турција намали на 12:10, брзо беше вратена позитивата од четири гола и во 26. минута резултатот беше 14:10. Откако беше одбранет голот следуваше нова можност за погодок, а тоа беше искористено за прво водство од пет погодоци во првото полувреме и Македонија имаше 15:10.

Сепак, пред заминување на одмор беше примен погодок, а во последниот напад немаше реализација, па на пауза Македонија има водство од 15:11.

Почетокот на второто полувреме донесе игра гол за гол. Сепак, после 36. минута следуваше мала серија во која Македонија со 3:0 после која во 41. минута веќе беа обезбедени и плус шест и водство од 20:14.

Оваа предност на моменти се намалуваше, па се враќаше. Се имаше и на средина од второто полувреме, кога резултатот беше 22:16. Тука дојде криза во играта во нападот и оставње многу простор за противникот. Немаше гол цели осум минути. Во ова време Турција намали на два гола. Во 52. минута резултатот беше 22:20 во корист на Македонија, а потоа конечно беше скршен малерот и постигнат гол во 53. минута од седум метри.

До крајот се влезе во игра на нерви. Многу тешко се постигнуваа голови, но и се играше концентрирано трудејќи се да бидат направени што е можно помалку грешки. Кога најмногу требаше дојдоа два гола за решавање на овој дуел и за победа. На нешто повеќе од минута до крајот Македонија имаше 26:22 така што ја врати предноста од полувремето и тука беше јасно кој победува. Турците постигнаа уште еден гол за конечни 26:23 и убав старт за Македонија.

ТУРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА    23:26 (11:15)

МАКЕДОНИЈА: Томовски, Кизиќ, велковски, Димитриоски 1, Костески, Танкоски 4, Крстевски 1, Кукуловски, Поповски 6, Младеновиќ, Пешевски 8, Јагуриновски 1, Маџовски 4, Димитриевски, Мишевски 1, Арсеновски.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 2 мин.