Младите ракометари од репрезентацијата на Македонија кои добија шанса за да играат на контролните средби во Турција после првите 30 минути против домаќинот имаат убава предност од четири гола и резултат од 15:11.
Македонија се наоѓа во водство од стартот на средбата. После четири минути игра водството беше 3:0, а овие три гола предност се одржуваа постојано. Првиот погодок беше дело на Маџовски, па потоа следуваа нови погодоци, а Турците тешко доаѓаа до приклучок. Успеаја да намалат до два гола, но не и повеќе, па Македонија редовно одеше на плус три.
После 20. минута кога беше обезбедено водство од 12:8. Откако Турција намали на 12:10, брзо беше вратена позитивата од четири гола и во 26. минута резултатот беше 14:10. Откако беше одбранет голот следуваше нова можност за погодок, а тоа беше искористено за прво водство од пет погодоци во првото полувреме и Македонија имаше 15:10.
Сепак, пред заминување на одмор беше примен погодок, а во последниот напад немаше реализација, па на пауза Македонија има водство од 15:11.
На крајот од првите 30 минути најефикасен во редовите на Македонија е најискусниот во овој состав, пивотот Жарко Пешевски, кој има шест гола. Зад него е Танкоски со три погодоци.