Иако е во тек ЕХФ неделата за репрезентативни натпревари во Женската лига се одигра заостанатиот натпревар од 11. коло помеѓу Кузман Вардар Илинден и Гевгелија. Домаќинот на овој дуел, екипата од Илинден ја оствари втората победа и славеше над Гевгелија со 31:28.
Почетокот не ветуваше добар резултат за домашниот тим, се играше израмнето до 5:5 а потоа Гевгелија имаше подобри минути и прва направи поголема предност. Серијата од 6:0 сепак не беше доволна гостите да имаат позитива по првото полиувреме. Во завршните минути Кузман Вардар успеа да израмни и да отиде на одмор со 16:16.
Во продолжението се играше максимално израмнето, ниту една екипа не успеа резултатски да се одлепи, но миминалната предност беше на страната на Гевгелија. Кузман Вардар за прв пат во вториот дел поведе во завршницата и со подобра игра во клучните моменти стигна до втората победа во првенството.
Најзаслужни за победата на составот од Илинден беа Ивана Блажевска со 11 гола и Ивона Русевска со осум гола. За екипаата на Гевгелија, Драгица Митрова постигна осум гола и беше најефикасна во својот тим, а веднаш зад неа беше Јасмина Попова со седум погодоци.