Супер машка лига: Најдобрите четири продолжуваат со победничкиот ритам

Екипите на Металург, Охрид, Пролет и Бутел Скопје и понатаму продолжуваат со истиот ритам во кој играа и досега во домашното првенство, а во 7. коло забележаа победи без поголеми проблеми.

Металург вчера во Битола со Зоран Кастратовиќ на клупата се избори за победа. Наиде на силен отпор од младите битолчани кои од натпревар во натпревар покажуваат напредок во играта.

Пролет исто така како гост славеше кај тимот на Вардар јуниор, додека Охрид одигра можеби најдобро од сите во одбрана бидејќи беа примени само десет гола на гостувањето во Струга.

Бутел Скопје порано ја заврши својата задача против Металург 2 и остана на 4. позиција.

Радовиш засега заостанува зад најдобрите четири, но има уште до крајот, а квалитетот на екипата е тука во близина на другите така што може да се искористи нечиј кикс.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО

БУТЕЛ СКОПЈЕ – МЕТАЛУРГ 2    29:23 (ИЗВЕШТАЈ)

Мајиќ 7, Младеновски 4, Ѓеоргиевски 4 – Стојановиќ 13, Стоилевски 2, Гајиќ 2

ВАРДАР ЈУНИОР – ПРОЛЕТ 62  27:38 (ИЗВЕШТАЈ)

Крстевски 8, Ќосевски 7, Карапалевски 5 – Поповски 11, Андоновски 10, Василевски 5

ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ               24:27 (ИЗВЕШТАЈ)

Талевски 7, Буторац 5, В. Димитровски 4 – Чантурија 6, Јагуриновски 6, Поповиќ 4

РАДОВИШ – РАБОТНИЧКИ       41:33 (ИЗВЕШТАЈ)

Илиев 12, Николов 10, Долдуров 4 – Палевски 12, Сулима 7, Гичев 5

СТРУГА – ОХРИД 2013  10:28 (ИЗВЕШТАЈ)

Симоноски 3, Новаковиќ 3, Крстаноски 2 – Блажески 5, Тасески 5, Ристески 4

ТАБЕЛА: 1. Металург 19 бода (232:174); 2. Охрид 18 (187:142); 3. Пролет 17 (214:190); 3. Бутел Скопје 15 (194:169); 5. Радовиш 12 (231:216); 6. Пелистер 8 (175:179); 7. Вардар јуниор 6 (183:2235); 8. Работнички 4 (209:246); 9. Металург II 1 (205:248); 10. Струга 1 (152:196).