По поразот од Чаир, ракометарките на Вардар се вратија на победничките патеки во Женската лига, откако славеа убедливо на домашен терен против Ѓорче Петров со 33-10.
Победата беше обезбедена уште по првиот дел, кога беше 19-6, а второто полувреме беше само формалност, како и на поголемиот дел од натпреварите во оваа конкуренција.
Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Трпевска и Диневска со по шест погодоци, а по пет дадоа Седлоска и Николиќ. Кај Ѓорче се истакна Цветановска со три гола.