Машката кадетска репрезентација ги доби противниците на ЕХФ шампионатот што ќе се одржи во Скопје наредната година.
Кадетите ќе бидат дел од групата А заедно со уште три селекции – Полска, Естонија и Грција. Најголем ривал се чини ќе ни биде Полска, а во групата Б тоа се Швајцарија и Украина.
Доколку го освојат овој шампионат, кадетите ќе обезбедат пласман за својата генерација на младинското ЕП во 2022 година, а нивните наследници исто така ќе играат на ЕХФ Еуро во 2022.
ЕХФ шампионатот ќе се игра од 13 до 20 август во Скопје.