Двата порази на стартот од сезоната во шампионатот на Србија беа причина за оставка на Ненад Перуничиќ и заминување од тренерската позиција во редовите на Црвена Звезда. Сепак, не требаше многу за да се најде негова замена и на кормилото го постави Радан Ровчанин.
Се работи за тренер кој во својата кариера нема биографија со работа во големи клубови. Тој бил тренер на Вождовац и на Рудар Пљевља, а бил и селектор на младинската женска селекција на Србија.
Сепак, сега ќе се обиде како тренер на Црвена Звезда да покаже дека може многу повеќе, а предизвикот со Црвена Звезда ќе биде дефинитивно голем бидејќи ќе мора да се врати екипата на победнички патеки и во битка за висок пласман.