Двајца ракометари на Вардар денеска ќе прослават роденден и тоа на ден пред дуелот против Келце во Полска.
Ракометарот од Словенија, Сташ Скубе денеска ќе наполни 30 години.
Кристијан Дисингер е помал од него, а тој денеска го прославува својот 28 роденден.
Уште еден ракометар кој го носеше дресот на Вардар денеска прославува роденден, а се работи за Дмитри Кисељев. Русинот кој се врати во Чеховски медведи по една година во Вардар денеска полни 25 години.
На списокот е и поранешниот репрезентативец на Македонија, кој во моментов го носи дресот на Бутел Скопје, Златко Мојсоски. Тој денеска полни 38 години.
Играчот кој лани беше дел од Металург, десното крило од Хрватска, Анте Токиќ, пак, денеска го слави 26. роденден.
И младиот ракометар кој игра за Пелистер, Дмитриј Блажевски исто така слави роденден, а тој денеска ќе стане полнолетен.
Останува уште ракометарката на Гер, Катарина Булатовиќ. Репрезентативката на Црна Гора полни 35 години.
Среќен роденден Сташ, Кристијан, Дмитри, Златко, Анте, Дмитриј и Катарина!