Меѓу денешните славеници на родендени се наоѓа и една поранешна репрезентативка на Македонија, која и понатаму е активна, а настапува за екипата на Гевгелија. Се работи за левото крило Драгица Митрова, која денеска полни 32 години.
Меѓу славеничките денеска се и Малгоржата Стасија од Полска која го носи дресот на Лублин. Таа денеска ќе наполни 31 година.
Исто така и ракометарката од Словенија, Тјаша Станко, која сезонава е колешка на Елена Ѓеорѓиевска во Подравка. Таа го прославува 22. роденден.
И ракометарот на Флензбург, Германецот Јоханес Гоља денеска полни 22 години.
На списокот е и Рарес-Маријан Фодореан. Романецот кој игра за Татран е помал и го прославува 21. роденден.
Среќен роденден Драгица, Малгоржата, Тјаша, Јоханес и Рарес-Маријан!