Младата голманка на Вардар, Симона Грујовска денеска прославува роденден. Се работи за голмен талент и голман кој веќе си го обезбедува своето место и во младите репрезентативни селекции. Грујовска денеска полни 16 години.
Роденден има и одлично познатиот ракометар од Полска, Михал Јурецки. Тој летово го напушти тимот на Келце и се пресели во Бундес лигата каде што го носи дресот на тимот на Флензбург. Денеска го прославува својот 35. роденден.
И судијата од Прилеп, Рубин Седлоски исто така има роденден. Тој полни 45 години.
Среќен роденден Симона, Михал и Рубин!