Ракометар на Кил денеска во Скопје на дуелот против Вардар ќе прослави роденден. Се работи за Словенецот Миха Зарабец, кој денеска ќе наполни 28 години. Ова е добра можност да слави роденден во Скопје, но вардарци сигурно ќе се погрижат денеска да го прослави роденденот со пораз.
Родендени имаат уште неколку ракометари. Тука е и Ренато Сулиќ од Хрватска, кој годинава игра за Висла Плоцк. Пивотот полни 40 години.
Полјакот Виктор Јанковски, кој исто така игра во Висла Плоцк, денеска станува полнолетен.
Французинот Арно Бинго, кој ги брани боите на екипата на Спортинг, пак, ќе го слави 32. роденден.
Данецот од тимот на Флензбург, Микел Ебелинг, денеска полни 19 години.
И Романецот Андреј Дан Савенко има роденден. Ракометарот на Динамо Букурешт ќе наполни 34 години.
Среќен роденден Миха, Ренато, Виктор, Арно, Микел и Андреј!