На листата на славеници на роденден денеска се наоѓаат поранешна репрезентативка на Македонија и тренер кој беше дел од стручниот штаб на Македонија на Европското првенство во 2012 година.
Сара Митова која веќе неколку години е интернационалка денеска полни 23 години.
Андон Бошковски, кој сезонава е на клупата на КЛ 7, а денеска го очекува дерби против Аеродром ќе наполни 45 години.
Роденден има и ракометарот на Барселона, Аитор Арињо Бенгочеа. Шпанецот ќе го прослави својот 27. роденден.
Словенецот Домен Кнез кој игра за составот на Целје, пак, денеска станува полнолетен.
Норвежанецот Ендре Лангас, кој е инаку член на составот на Елверум е исто така меѓу славениците. Денеска го прославува својот 28. роденден.
Унгарката Ноеми Хафра, која игра за ФТЦ Раил Карго, денеска полни 20 години.
Среќен роденден Сара, Андон, Аитор, Домен, Ендре и Ноеми!