На Еуро 2024 во Германија најмалата арена ќе биде со 7.500 гледачи

Германците ги почнуваат подготовките за Европското првенство во 2024 година на кое ќе бидат домаќини од 12 до 28 јануари. Како што изгледа уште на почетокот на подготовките Германците се подготвуваат првенството да биде историски настан.

Ракометната федерација на Германија објави повик до градовите кои се заинтересирани за домаќини на Еуро 2024 да се пријават на конкурсот за организација. Ќе се избира од три до седум арени, но постои еден главен услов, а тоа е капацитетот на гледалиштето да не е под 7.500 гледачи.

Таков капацитет на своите арени имаат седум бундеслигаши, но, сепак, завршницата на првенството се очекува да биде во европската претстолнина на ракометот Келн. Ланксес арената десет години е домаќин на фајнал форот во Лигата на шампиони за мажи со капацитет од 19.250 гледачи.

Главни конкуренти за добивање на организацијата се и Мерцедес-бенц арената во Берлин со 14.800 места, ДУС Дом во Дизелдорф кој има капацитет од 13.400 седишта и Баркликард арена во Хамбург со 13.000. Во игра е и стадионот на Шалке кој би можел да прими 30.925 гледачи на ракометен натпревар.

Останува да видиме кои градови ќе бидат домаќини на Еуро 2024 во Гемранија, но едно е сигурно не очекува вистински спектакл и сигурно најпосетеното Европско првенство во историјата.