Супер машка лига: Охрид зема бод во „Автокоманда“, Бутел Скопје три во „Македонско сонце“

Натпреварите од 8. коло во Супер машката лига донесоа интересни резултати, а имаше интересни пресметки на кои гостите однесоа десет поени.

Лидерот Металург вторпат сезонава ремизира, а овој пат тоа беше на домашен терен против составот на Охрид. Гостите имаа свои моменти во добар дел од средбата и беа блиску до победа, но на крај мораше поените да бидат поделени.

Бутел Скопје си замина со трите бода на гостувањето кај тимот на Пролет и успеа да скокне една позиција на табелата. Воедно дојде на два поени помалку од Металург и еден помалку од екипата на Охрид.

Радовиш, пак, успеа да се доближи до водечката четворка и сега е на пет бода од лидерот Металург, а на два поени од Пролет кој е четвртопласиран така што битката за плеј-оф добива на возбудувања.

Скок направија и тимовите на Вардар јуниор и Металург, па табелата сега има сосема поинаков изглед од оној што го имаше пред натпреварите од 8. коло.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 8. КОЛО

МЕТАЛУРГ 2 – СТРУГА         25:24 (ИЗВЕШТАЈ)

Кофилоски 6, Стоилевски 5, Савковиќ 3 – Јанкулоски 7, Кузманоски 5, Новаковиќ 5

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР ЈУНИОР   26:35 (ИЗВЕШТАЈ)

Палевски 7, Илиевски 5, Полијак 4 – Ќосевски 9, Кукуловски 8, Крстевски 6

МЕТАЛУРГ – ОХРИД 29:29 (ИЗВЕШТАЈ)

Мариќ 6, Поповиќ 5, Танкоски 4 – Тот 8, Кривокапиќ 7, Блажески 5

ПЕЛИСТЕР – РАДОВИШ        22:24 (ИЗВЕШТАЈ)

Талевски 5, Петровски 4, Буторац 3 – Илиев 9, Долдуров 4, Николов 3

ПРОЛЕТ – БУТЕЛ СКОПЈЕ     21:24 (ИЗВЕШТАЈ)

Џонов 8, Мајнов 8, Андоновски 3 – Печенковски 7, Мојсоски 4, Мајиќ 3

ТАБЕЛА: 1. Металург 20 бода (261:203); 2. Охрид 19 (216:171); 3. Бутел Скопје 18 (218:190); 4. Пролет 17 (236:214); 5. Радовиш 15 (255:238); 6. Вардар јуниор 9 (218:249); 7. Пелистер 8 (197:203); 8. Металург II 4 (230:272); 9. Работнички 4 (235:281); 10. Струга 1 (176:221).