Сите средби од 8. коло во Супер машката лига ќе бидат одиграни денеска, а дури четири од натпреварите се играат во Скопје.
Според распоредот денеска ќе има и две пресметки на екипите кои се во првата четворка, па ова ќе даде одговор на тоа кои тимови ќе се најдат на подобра позиција после оваа рунда во која се очекува да има големо надигрувње.
Лидерот Металург денеска го пречекува Охрид и ова ќе биде доста интересен дуел на кој гостите ќе се обидат да се спротистават на фаворитот. Металург не смее да се опушта и ракометарите мора да бидат концентрирани максимално доколку сакаат да се изборат за бодови. Охриѓани покажаа дека сезонава се опасни и затоа ова ќе биде голем испит и за двете екипи.
Слично важи и за пресметката меѓу Пролет и Бутел Скопје. Домашниот терен е предност, а тоа се виде и на дуелите против Охрид и Металург каде Пролет остана непоразен. Оттаму и денеска домашните се фаворити, па на Бутел Скопје е да се обиде да направи што е можно повеќе за да може да му се спротистави на градскиот ривал и директен противник за висок пласман.
Ќе биде возбудливо и на другите три средби, па 8. коло дефинитивно ќе биде едно од најинтересните досега.
СУПЕР МАШКА ЛИГА
ДВОЈКИ ЗА 8. КОЛО
САБОТА, 2 НОЕМВРИ
15:00ч
МЕТАЛУРГ 2 – СТРУГА
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР ЈУНИОР
Сала: СРЦ „Кале“ во Скопје. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Петре Климкаров од Велес.
18:00ч
МЕТАЛУРГ – ОХРИД
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.
18:30ч
ПЕЛИСТЕР – РАДОВИШ
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.
19:00ч
ПРОЛЕТ – БУТЕЛ СКОПЈЕ
Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Скопје. Делегат: Драган Начевски од Скопје.
ТАБЕЛА: 1. Металург 19 бода (232:174); 2. Охрид 18 (187:142); 3. Пролет 17 (214:190); 3. Бутел Скопје 15 (194:169); 5. Радовиш 12 (231:216); 6. Пелистер 8 (175:179); 7. Вардар јуниор 6 (183:2235); 8. Работнички 4 (209:246); 9. Металург II 1 (205:248); 10. Струга 1 (152:196).