Една од најдобрите голманки на сите времиња во Македонија, која остави неизбришлива трага во македонскиот ракомет Гордана Нацева денеска слави роденден.
Актуелната претседателка на женскиот тим на Вардар во својата кариера настапуваше за екипата на Кометал Ѓорче Петров со кој забележа големи успеси, а во 2002 година дојде до круната од Лигата на шампионите.
Таа беше капитен на овој тим, а беше капитен и на репрезентацијата на Македонија која ги постави темелите на сите успеси.
Нацева денеска полни 49 години.
Среќен роденден Гордана!