Екипата на Деспина запиша нови бодови во 7. коло од Женската лига, на домашен терен беше подобра од составот на Гевгелија со 26:20.
Ракометарките на Деспина имаа добар настап и не дозволија изненадување пред своите гледачи за сигурна победа. По почетното водство на Гевгелија од 2:0 во продолжение сè беше во знакот на домашниот тим. По 30 минути игра екипата од Прилеп имаше преднсот 11:8.
Почетокот на вториот дел беше решавачки за победникот на натпреварот. Деспина со серија до 7:1 ги реши сите дилеми за тоа кај кој ќе одат бодовите. До крајот на дуелот сите обиди за враќање во мечот на Гевгелија беа неуспешни.
Најзаслужни за победата на домашниот тим беа Ангела Камческа со девет гола и Емилија Јовеска која постигна седум. Во екипата на Гевгелија најмногу се истакнаа Драгица Митрова и Михаела Митревска со по шест гола.
ДЕСПИНА – ГЕВГЕЛИЈА 26:20 (11:8)
Сала: РР Ричко во Прилеп. Гледачи: 200. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.
ДЕСПИНА: Димитриеска, Боризоска 1, Гулеска, Рипилоска 4, Цанесвска 1, Ристеска, Камческа 9, Крстевска, Цветкоска, Спиркоска, Јовеска 7, Богеска, Богојеска, Седлоска, Филипоска, Рипилоска.
Седмерци: 6/6. Исклучувања: 10 мин.
ГЕВГЕЛИЈА: Каранфиловска, Басова, Мандалова, Попова 2, Пецевска 5, Митревска 6, Попова, Горковска, Митрова, Петковска 1, Тимчева, Танева, Митрова 6, Ибрахимвиќ.
Седмерци: 3/5. Ислкучувања: 6 мин.