Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ од 20:00 часот ќе се одигра првиот од двата пријателски натпревари меѓу селекциите на Македонија и Грузија.
Интересно, во составите на двете репрезентации ќе има ракометари на Металург, кои ќе се соочат во желбата за успех на својот национален тим.
Во дресот на Македонија ќе ги видиме бековите Томислав Јагуриновски и Марио Танкоски, како и пикерот Филип Арсеновски.
Во составот на Грузија ќе се појават бекот Иракли Кбилашвили и крилото Реваз Чантурија, иако Чантурија најверојатно ќе биде поштеден од напори поради повредата.