Машката сениорска репрезентација денеска се врати од Турција, каде што одигра два пријателски натпревари против Турција и Италија.
Момците на Данило Брестовац сега се 22 на број, бидејќи на оние што беа во Турција, им се придружија Манасков, Кузмановски, Талески, Лазаров и Ристовски.
Покрај денешниот тренинг, сениорите ќе одржат уште еден тренинг утре, а првиот натпревар против Грузија се игра во СЦ „Борис Трајковски“ од 20:00 часот.