Ракометарката на Будуќност, Ѓурѓина Јауковиќ на натправрот против Влчеа во Лигата на шампионите имаше непријатна ситуација, откако по еден старт на противничките ракометарки падна во безсознание.
Алисија Фернандес грубо ја фаулираше Јауковиќ која при падот удри со главата во под и беше без свест извесно време. За среќа, физиотерапевтот на екипата брзо притрча и го извади јазикот на ракометарката.
Црногорката помина неколку минути на подот, а многу брзо потоа се врати во игра што можеби и не беше најдобра одлука. Прегледите по натпреварот покажале дека Јауковиќ има благ потрес на мозокот.
„Се чувствував добро и побарав да се вратам во игра. После мечот повторно ми беше лошо и направив снимка на главата. Ми рекоа дека немам оштетувања, туку благ потрес на мозокот. Изгубив свест и паднав, но не се сеќавам на ништо освен дека рацете ми паднаа на подот. На снимка видов дека ми го ваделе јазиккот. Ќе одмарам уште еден ден па ќе видиме кога ќе се вратам на тренинзите“, изјави Јауковиќ.
Будуќност триумфираше на натпреварот против Влчеа со 23:19.
фото: vijesti.me