Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра вториот контролен натпревар во рамките на ЕХФ неделата, а противник ќе ни биде Италија.
Сепак за избраниците на Данило Брестовац по утрешното враќање во Македонија, ќе следуваат уште две пријателски средби.
Ривал е селекцијата на Грузија, а првиот дуел е на програмата в петок од 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“. Овој натпревар ќе биде директно пренесуван на ТВ Телма.
Вториот дуел меѓу истите две селекции ќе се игра на истото место, в сабота од 16:00 часот.