Екипата на вице шампионот на Шпанија, Бидасоа Ирун бележи одлични резултати во Лигата на шампионите. По одиграни пет кола тие се наоѓаат на првата позиција со четири победи и едно реми. Ваквиот успех на екипата значеше и продолжување на договорот на тренерот Јакобо Куетара.
Со новиот договор управата на Бидасоа Ирун го обврза Куетара до 2022 година. Тренерот пристигна во клубот во сезоната 2016/17.
Бидасоа Ирун под водство на австрискиот стручњак во првенството на Шпанија се наоѓа на четвртата позиција по седум одиграни кола со пет победи и по еден пораз и нерешен исход.
Шпанскиот тим во Лигата на шампионите е во група со Еурофарм Работник и првиот нивни дуел го добија Шпанците на домашен терен.