Листа на стрелци: Блажевска од Кузман Вардар уште сигурна на врвот

Ракометарката која игра за дебитантот во Женската лига, Кузман Вардар, Ивана Блажевска.

Taa и понатаму е предводник на стрелците и има десет погодоци предност во однос на второпласираната Анастасија Николовска од Чаир и 12 гола повеќе од неколку ракометарки кои досега постигнаа по 42 гола.

После шест кола има интересна ситуација во Топ 10, но јасно е дека оваа листа допрва ќе претрпува големи измени.

Со оглед на тоа што во секое коло еден тим е слободен, па оние што веќе имале коло каде одмориле ќе можат да напредуваат на листата.

ЖЕНСКА ЛИГА

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ПОСЛЕ 6. КОЛО)

54 – Ивана Блажевска (Кузман Вардар Илинден)

44 – Анастасија Николовска (Чаир)

42 – Ангела Цветановска (Ѓорче Петров)

42 – Мартина Стефановска (Спартак)

42 – Марија Анчева (Пелистер)

37 – Јана Калајџиеска (Металург)

37 – Елена Вучевска (Овче Поле СУ)

34 – Марија Тасевска (Металург)

34 – Магдалена Делиоска (Стружанка)

33 – Андреа Седлоска (Вардар)