Двајцата ракометари на Еурофарм Работник, Марин Вегар и Елмир Граџан, ќе имаат репрезентативни обврски за време на ЕХФ неделата од 21 до 27 октомври.
Селекторот на Босна и Херцеговина, Билал Шуман, ги повика левиот бек и кружниот напаѓач за пријателските натпревари против Црна Гора.
Интересно, тие двајца ќе играат против нивниот соиграч од редовите на „фармацевтите“, Мирко Радовиќ, кој доби повиок за Црна Гора од Зоран Рогановиќ.
Првиот натпревар меѓу овие две селекции се игра на 25 октомври, додека вториот е на програмата на 27 октомври.